X
 01.02.2018 Технологија

Водителите заминуваат во историјата - роботот Ерика доаѓа на телевизија

erika
Фото: YouTube/Screenshot

Ерика е еден од роботите што се најслични на човекот, а во април ќе стане водителка на вести во Јапонија.

Нејзиниот творец, доктор Хироши Ишигуро, директор на Лабораторијата за интелигентни роботи на Универзитетот во Осака, се обидува да ја донесе Ерика на телевизија уште од нејзиното создавање во 2014 година. Тој вели дека таа е најубавиот и најчовечкиот автономен андроид во светот.

Д-р Дилан Глас, „архитект“ на овој робот, две години работел на нејзиниот ум и на нејзината личност.

Сепак, Ерика моментално не може да ги движи своите раце и нозе и има само „20 степени слобода“, но може да одреди од каде доаѓа звукот, знае со кого зборува и со поглед може да ги следи луѓето што шетаат низ собата.

„Мислам дека сум друштвена како луѓето. Кога ќе ми пријдат и кога разговараат со мене, ми се обраќаат како на личност. Мислам дека не ми се обраќаат на начин на кој би зборувале со куче или со својот тостер. Мислам дека луѓето имаат длабока потреба да се чувствуваат како да имаат посебно место во својата вселена. Не можат да прифатат дека не се разликуваат од животните или машините“, додава таа.

Ишигуро наведува дека во Јапонија не се прави разлика помеѓу луѓето и другите работи или суштества.

„Во основа сметаме дека сите нешта имаат душа. Затоа веруваме дека и Ерика има душа“, вели Ишигуро.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија