X
 08.02.2018 Технологија

Тестирајте дали на вашиот „ајфон“ му е потребна нова батерија

епл
Фото: Apple

Како што веројатно знаете, „Епл“ изминативе неколку месеци е под голем притисок од корисниците што беа изненадени од потврдата за намерно забавување на уредите. „Епл“ го оправда ова забавување со стабилноста на системот, но за корисниците тоа не е доволно. За да им угоди на многубројните корисници што сакаат побрзи перформанси, „Епл“ понуди намалена цена за замена на батеријата.

Како да проверите дали „Епл“ го забавува вашиот уред?


Иако постојат голем број апликации што можат да го анализираат вашиот уред и да проверат дали неговите функции се забавени, постојат веб-страници што го прават тоа бесплатно, ако имате „ајфон 6“ или кој било понов уред.

Сѐ што треба да направите е да ја посетите веб-страницата „СлоуЕпл“ и да го почнете тестот што ќе ви даде идеја колку вашиот уред е забавен. Ако имате вклучен „Low Power“ режим, исклучете го пред тестирањето. И, секако, страницата посетете ја преку уредот што сакате да го тестирате.

Притиснете „Go“ и почекајте неколку секунди да заврши тестот. Исто така, можете да го проверите статусот на батеријата преку Settings>Battery. Ако постои некој проблем, ќе ја добиете пораката: „Your iPhone battery may need to be serviced“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија