X
 14.03.2018 Живот

Хокинг го прогонуваа пропаднати бракови, разделена фамилија и опсесивни фанови

Стивен Хокинг беше познат во светот по неговата работа како астрофизичар, но неговиот личен живот е можеби исто толку комплициран како и некои негови теории. Хокинг го прогонуваа пропаднати бракови, разделени фамилии, обвиненија за злоупотреба и опсесивни следбеници.

Животот на Хокинг се смени засекогаш во 1963 година кога тој ја сретна неговата идна сопруга и мајка на неговите деца на една новогодишна забава. Кратко потоа нему му беше дадена страшната дијагноза дека има моторна невронска болест. За две годиини откако се сретнаа, Хокинг и Џејн Вајлд веќе беа венчани и станаа фамилија. Тие имаа три деца. Роберт беше роден во 1967 година, Луси во 1970, а девет години подоцна се роди и нивното трето дете Тимоти. Вајлд веруваше дека проблемите во нивниот брак започнале кога Хокинг почнал да добива светска слава по објавувањето на „Кратка историја на времето“. Неговата работа добиваше бројни пофалби, но и многу внимание од обожавателите.

-Се чувствував како фамилијата да е запоставена. Слтивен беше мојот сопруг и таткото на моите деца. Никој не му вели на сопругот: О, ти си толку паметен! Морам да ја обожувам земјата под твоите нозе, или во овој случај тркала - рече Вајлд во едно интервју за „Радио Тајмс“ во 2014 година.


Стивен и Елејн
Фото: News.com.au

Бракот не издржа. До 1990 година тој пропадна и Хокинг започна врска со неговата негователка Елејн Месон. Kоментирајќи го она што се случи со Елејн, Вајлд рече дека однесувањето на луѓето околу Хокинг е исцрпувачко.

-Очекував дека негувателите одат дома за да помогнат во грижата за лицата со инвалидитет и да ја почитуваат фамилијата. Многу малку од нив го правеа тоа. Тоа беше очајно, мислев дека не можам да продолжам бидејќи бев исцрпена - објасни Џејн.

Хокинг и Месон се венчаа во 1995 година, една година по неговиот развод. Но, не беше се идеално. Децата на Хокинг ја обвинија Месон дека им забранувала пристап до нивниот славен татко. Дополнителната тензија следеше во 2003 гона откако негувателките на Хокинг ја обвинија Месон дека физички го малтретира Хокинг и го пријавија инцидентот во полиција. Истрагата беше откажана откако Хокинг ги негираше наводите.

По 11 години брак, Месон во 2006 година поднесе документи за развод. Веднаш се појавија шпекулации дека Хокинг ја изневерува, иако тој го негираше тоа и даде одговор преку неговиот портпарол.

-Тој е премногу зафатен. Ова е само дистракција која е навистина здодевна. Немаме време за ова. Не сме заинтересирани за озборувањата - беше официјалниот одговор.

Среде обвинувањата за злоупотреба, Луси Хокинг истакна дека нејзината маќеа „може да се задави“ од парите кои би и останале ако нејзиниот татко почине.

-Вреди ли? Мислам, во еден момент се запрашувате дали навистина вреди. Болката и борбата низ која минавме, ако ова се излезе дека е за пари, тогаш таа може да ги задржи и се надевам дека ќе се задави од нив - рече Луси.

Во 2004 година Вајлд изјави дека Хокинг и нивните деца речиси и не разговараат.

-Порано го гледав. Никогаш не стапнав во неговата куќа, секако тоа е прилично забранета територија. Но, порано одев да го видам во неговата канцеларија и убаво си поминувавме зборувајќи за децата и за Вилијам, нашиот внук. Но, сега не знам дали е во болница или дома. Ни децата не знаат. До таму сме - рече таа.

По завршувањето на бракот со Месон, нештата драстично се подобрија. Вајлд речче дека таа повторно комуницирала со Хокинг по неговиот втор развод и дури и се појави покрај него пред светските медиуми на црвениот тепих на премиерата на филмот „Теоријата на се“ во Лондон.

Вајлд и Месон се уште не кажале ништо за медиумите за смртта на нивниот поранешен сопруг, но децата ја објавија веста.

-Многу ни е жал што нашиот сакан татко почина денес. Тој беше одличен научник и извонреден човек чија работа и наследство ќе живее многу години. Неговата храброст и истрајност со неговата брилијантност и хумор инспирираа луѓе низ целиот свет - истакнаа тие.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот