X
 15.10.2018 Наука

Стивен Хокинг ги предвидел „суперлуѓето“: Ќе има раса на суштества што сами ќе се дизајнираат

- Откако ќе се појават суперлуѓето, ќе се случи значаен политички проблем со неподобрените луѓе, кои нема да бидат во можност да се натпреваруваат. Веројатно тие ќе изумрат или ќе станат неважни. Наместо нив, ќе постои раса на луѓе што ќе се самодизајнираат и ќе се подобруваат себеси со стапка на постојано зголемување. Ако човечкиот род успее да се редизајнира, тогаш ќе се рашири и колонизира на други планети и ѕвезди - изјавил познатиот физичар Стивен Хокинг за „Сандеј тајмс“.

Тој предизвика бурни реакции предвидувајќи дека новата раса на суперлуѓе би можела да биде развиена од богатите луѓе што ќе сакаат да ја уредуваат својата ДНК.

- Немаме време да ја чекаме Дарвиновата еволуција да нѐ направи поинтелигентни и подобри. Сега влегуваме во нова фаза од она што може да се нарече еволуција на самодизајнирање, во која ќе можеме да ја промениме и да ја подобриме нашата ДНК. Ја мапиравме ДНК, што значи дека ја прочитавме „книгата на животот“, па можеме да започнеме со коригирањето - вели Хокинг.

Хокинг, кој почина во март, ја претстави можноста со која генетичкиот инженеринг би можел да создаде нов вид суперлуѓе кои би можеле да го уништат остатокот од човештвото.

-На почеток, овие категории ќе бидат ограничени со поправка на генетски дефекти како цистична фиброза и мускулна дистрофија, што ќе бидат контролирани од единечни гени и се прилично лесни за идентификување и се точни. Дугите квалитети, како што се интелигенцијата, веројатно ќе бидат контролирани од голем број на гени и ќе биде потешко да се пронајдат и да се откријат врските помеѓу нив - раскажува Хокинг.

-Сепак, сигурен сум дека во текот на овој век луѓето ќе откријат како да ги модифицираат и интелигенцијата и инстинктите како што е агресијата. Законите веројатно ќе бидат пренесени против генетскиот инженеринг со луѓето. Но, некои луѓе нема да можат да се спротивстават на искушението да ги подобрат човечките карактеристики како што се големината на меморијата, отпорноста на болестите и животниот век - завршува тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука