X
 05.04.2018 Живот

Ова е најпривлечниот јазик во светот

јазик
Фото: Thinkstock

Платформата за учење странски јазици „Бабел“ спровела истражување во врска со тоа кој народ има најсексапилен акцент во светот.

Вестите не се добри за Македонците, ниту за нашите соседи во регионот, со оглед на тоа дека на листата на словенски јазици се најде само рускиот, и тоа на осмо место. На првото место се најде францускиот, кој многу луѓе го нарекуваат јазикот на љубовта, а на второ место се најде италијанскиот.

На трето место се најде шпанскиот, а на четврто англискиот. Многумина се изненадија тоа што на петтото место се најде германскиот. Целосната листа на десетте најпривлечни акценти изгледа вака:

1. француски
2. италијански
3. шпански
4. англиски
5. германски
6. португалски
7. шведски
8. руски
9. холандски
10. турски

Во истражувањето учествувале 15.000 луѓе од Бразил, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Велика Британија, Америка, Канада и од Австралија.

Постојат неколку причини зошто во одредени јазични групи некои јазици и акценти се попривлечни од другите. Првата е мелодичноста и звучноста на одреден јазик. Лингвистот Пети Аднак смета дека на Англичаните најпривлечни им се францускиот или италијанскиот бидејќи ги привлекува мелодичноста на овие јазици.

„Јазиците како мандаринскиот или тајландскиот им звучат грубо бидејќи се тонални, па звучат неприродно“, смета Аданк.

Другата причина е малку понеобична. Имено, некои лингвисти сметаат дека за време на оценувањето на јазиците испитаниците не го оценуваат само акцентот, туку и личноста што зборува. На пример, според оваа теорија, луѓето што учествувале во истражувањето не го доживуваат како сексапилен само францускиот јазик, туку и Французите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот