X
 18.01.2019 Живот

Бил Гејтс на улица чека во ред за да си купи бургер

Мајк Галос, поранешен вработен во компанијата „Мајкрософт“, објави фотографија на која може да се види како Бил Гејтс чека во ред за бургер пред сендвичарница во Сиетл.


-Кога вредиш околу 100.000.000.000 долари, ја водиш најголемата хуманитарна организација во историјата на светот и чекаш во ред за бургер, помфрит и Кола во „Дикс“ како и сите ние... Вака се однесуваат богатите луѓе, за разлика од позерот со златна школка во Белата куќа - напиша Галос под фотографијата која е споделена 15.000 пати.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот