X
 18.02.2017

Зошто докторите носат зелена или сина униформа?

Униформата на лекарите отсекогаш била бела. Во почетокот на 20ти век еден влијателен доктор ја замени со зелена затоа што таа повеќе одговара на очите на хирурзите. Без разлика дали е поради оваа причина, зелената боја навистина им е од помош на докторите во операционите сали.


Фото: Pixabay


Сината и зелената боја би можела да им помогне на лекарите од две причини. Гледањето во сина или зелена боја може да го освежи видот на лекарот од црвената боја на крвавата внатрешност на телото. Ако гледа подолго време во розова или црвена боја лекарот станува несензитивен на таа боја, и ова може да придонесе да не се познаваат нијансите на црвена боја во телото. Кога се гледа во нешто зелено повремено, очите остануваат посензитивни на црвена боја.

Длабокиот фокус на црвената боја може да доведат до зелени илузии на бели површини. Овие зелени „духови“ може да се појават ако лекарот го смени погледот од црвеникавото ткиво на нешто бело, како хируршка завеса на пример.

Овој феномен се случува бидејќи белата светлина ги содржи сите бои на виножитото, вклучително и сина и зелена. Ако докторот гледа на зелени или сини униформи наместо на бели, овие попречувања ќе исчезнат веднаш.

Значи иако лекарите во ова модерно време се обидуваат да ги носат на себе и другите бои на виножитото, зелената боја можеби е најдобар избор за нив.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk