X
 14.11.2025 Живот

Подели сметка, плати на пријател, види го пинот - сѐ од една апликација!

Кога последен пат си отишол во банка за нешто што денес треба да можеш да го завршиш директно од твојот телефон – брзо, лесно и без предизвици?

Повеќето млади веќе ја користат „S-Banka“, мобилната апликација на Шпаркасе Банка, со која банкарството е едноставно, дигитално и достапно 24/7.

Со апликацијата можеш да видиш каква ти е состојбата на сметката, колку средства ти останале од субвенционираниот студентски оброк за оваа недела и дали ти стигнала стипендијата.

Една од најкорисните функции на апликацијата за младите е тоа што можеш да праќаш пари на пријател со само неколку кликови. Функцијата „Плати на пријател“ ти дозволува директно да праќаш пари на некој од твојот телефонски именик, без внесување на бројот на трансакциската сметка.

Исто така, ако сметката за кафе по предавање ја делите со колегите, тука е опцијата „Подели сметка“, па не мора да барате ситно по џебови за да ви „испадне точно“ – апликацијата сама ќе ви пресмета колку треба да плати секој од вас. Постапката е едноставна: го внесуваш вкупниот износ на сметката, ги одбираш контактите од телефонскиот именик што се со тебе на кафе и секој од колегите добива известување и може веднаш да го прати својот дел од сметката.

Сè што правиш преку „S-Banka“ е безбедно и заштитено со биометриска најава – Face ID или отпечаток од прст.

Дури и ако го заборавиш пинот од картичката, нема потреба да одиш на шалтер. Едноставно, само одбери ја опцијата „Види ПИН“ во апликацијата.

Најдобрата вест поврзана со овие функционалности на „S-Banka“ е што ако си дел од младинскиот пакет Vibe On (наменет за лица од 15 до 24 години), користењето на апликацијата е целосно бесплатно.

Управувањето со парите не мора да биде комплицирано. Во „S-Banka“ сè ти е на дофат – брзо, лесно и безбедно.

Во време кога речиси сè се пресели на мобилен екран, логично е и твојата банка да биде таму. „S-Banka“ е пример дека дигиталното банкарство може да биде едноставно, транспарентно и приспособено на твојот начин на живот.

Апликацијата можеш да ја симнеш од „Гугл плеј“ и „Епл еп стор“.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот