X
 18.03.2022 Живот

Неверојатни места кои во зима стануваат уште поубави

Природата на овие места е магична во текот на целата година, но зимата им дава посебен шарм.

Еве неколку навистина волшебни места кои стануваат уште поневеројатни кога ќе започне зимата.

1. Езерото Тахо, Калифорнија, САД

taho
Фото: Freepik

Прекрасниот пејзаж на езерото Тахо е еден од оние што го покажуваат својот целосен потенцијал во зима. Околу него има десетина скијачки центри, а градот има и топли извори, видиковци и жив ноќен живот.

Секоја година на езерото Тахо паѓаат околу 315 сантиметри снег.

2. Гулфос, Исланд

ezero
Фото: Freepik

Водопадот Гулфос се наоѓа на југозападниот дел на Исланд, во кањонот на реката Хвита, која се храни од Ланѓокул, вториот по големина глечер на Исланд.

Иако е моќен во лето, овој водопад е уште повпечатлив во зима кога е делумно замрзнат и кога водата што паѓа од височина од 30 метри добива живи нијанси на сина и тиркизна боја.

3. Свалбард, Норвешка

2
Фото: Instagram

Свалбард е една од најсеверните населени области во светот, што ја прави одлична локација за набљудување на поларната светлина. Поради својата локација, градот има и поларна ноќ, која трае од средината на ноември до крајот на јануари. Во тој период сонцето не изгрева, а најсветло што може да се види е синиот самрак. Сепак, недостигот на сончева светлина само ги зголемува шансите да се забележи поларна светлина.

4. Блед, Словенија

ezero
Фото: Freepik

Во текот на зимата езерото Блед, на северозападот на Словенија, добива ледно сина боја бидејќи ги рефлектира снежните Алпи.

5. Бајкалското Езеро

bajkalsko
Фото: Freepik

„Светото Море“, како што домородните народи што го населувале регионот го нарекувале Бајкалското Езеро, е најдлабокото слатководно езеро во светот и секако е атракција во секое време од годината.

Но, во зима површината на водата станува долго лизгалиште. Можете да се возите со санки влечени од кучиња или коњи и со моторни санки, а има и нуркање во мраз и рафтинг на места каде што водата не е замрзната.

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот