X
 18.04.2019 Живот

Две професии во кои роботите не можат да ги заменат луѓето

Роботите не можат да ги заменат професиите новинар и политичар, за разлика од многу други професии, особено оние со пониско ниво на вештини, вели Симеон Џанков, директор на Светската банка во одделението за развојна економија.

- Политичарите и новинарите нема да може да бидат заменети бидејќи не постои рутина со која би знаеле што ќе кажат новинарите, ниту пак е можно роботите да напишат успешна приказна или да ве заинтересираат - објасни Џанков на претставувањето на извештајот на Светската банка за глобалниот развој.

Како што наведува тој, роботите можат да работат само повторливи, рутински работи и се подобри од луѓето во сметководство, хирургија и некои правни работи, но не можат да работат во секторот за грижа за стари бидејќи тука е неопходна емпатија.

Како пример за воведување на роботизацијата ја наведе руската „Сбербанка“, која во 2007 година одлучила сите свои 20.000 советници што нудат правни совети за економијата да ги замени со два роботи кои работат 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

- Тие не одат на боледување, не одат на одмор, туку прегледуваат еден по еден договор - вели Џанков.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот