X
 13.06.2016 Култура

Другата страна на Дубаи за која никој не зборува

Дубаи стана мегаград во последниве децении. Овој град изграден од прилично лошо платени работници и преплавен од странци ги привлекува туристите со своите луксузни базени и модерен изглед. Но, има многу повеќе во Дубаи отколку луксузни хотели и модерни згради. „News.com.au“ копаат подлабоко и раскажуваат за некои работи поврзани со Дубаи за кои никој не зборува.


Улична храна

90% од жителите таму се доселеници, но повеќето од работниците доаѓаат од Индија, Бангладеш, Пакистан, Филипини, Иран, Египет и Непал. Соодветно на тоа, уличната храна е разновидна.





И покрај многубројните ресторани во Дубаи, навистина автентичната храна може да се најде на улиците во стариот дел од градот. Таму може да се најде речиси секаква храна од многу земји.

Вратете се во времето

Во поглед на историјата, Дубаи не се натпреварува со останатите туристички атракции. Но кога станува збор за облакодерите, хотелите и трговските центри, Дубаи е на врвот. Обединетите Арапски Емирати постојат веќе 45 години, но има и некои историски локалитети.


Така, во Дубаи може да се види познатиот музеј сместен во тврдина од 18-от век, како и центарот за културно разбирање „Шеик Мухамед“ во кој може да јадете со локалните жители.

Пазари

Трговските центри можеби привлекуваат многу посетители, но во Дубаи може да се пазари и на пазарите. Најстарите пазари во градот нудат многу зачини, злато и текстил.


Каде е културата?

Оние кои мислат дека во Дубаи нема културни активности не барале на вистинските места. Иако Дубаи е град на модерното време, ова е и место каде што се одржуваат книжевни фестивали и уметнички изложби.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура