X
 18.04.2021 Наука

Необично истражување: Човек треба да работи 8 часа неделно, сѐ што е над тоа е штетно за здравјето

Масовната употреба на вештачката интелигенција може да резултира во значителен недостиг на платена работа. Наместо да доведе до губење на работата, авторите на едно истражување велат дека може да се воведе пократка работна недела.

Ова истражување заклучило дека луѓето треба да работат 8 часа - но неделно, а не дневно. Ова необично истражување беше објавено во списанието „Соушал сајнсес енд медисин“ под името „Пократка работна недела за сите: Колку платена работа е потребна за менталното здравје и благосостојба?“

Многу промени се случија за време на пандемијата и продолжуваат да се случуваат, што ги принуди работодавците да ги преиспитаат своите ставови за работната средина, но малкумина се занимаваат со бројот на работни часови. Покрај тоа, вработените велат дека работеле подолго од дома, и до три прекувремени часа на ден.

Истражување од 2019 година, дури и пред периодот на пандемијата, открива дека луѓето треба да работат осум часа неделно ако сакаат да постигнат психолошки придобивки од работата. Ова сигурно нема и не може да биде општо прифатено, иако постојат иницијативи да се направи работната недела пократка.

Се предлага да се работи четири дена во неделата или шест до седум часа на ден - пет дена во неделата. Ова интересно истражување оди чекор подалеку и тврди дека осумчасовната работна недела е доволна за да се постигне благосостојбата од работата.

rabota
Фото: Pexels

Авторите го објаснуваат тоа на овој начин: масовната употреба на вештачката интелигенција може да придонесе до значителен недостиг на платена работа. Наместо да останат без работа, тие велат дека можна е опција за воведување пократка работна недела. Сепак, дали навистина има смисла толку кратка работна недела?

За да се спроведе истражувањето биле користени податоци од британско лонгитудинално истражување, во кое учествувале повеќе од 80.000 луѓе. Како прво, било земено предвид како промените поврзани со бројот на работни часови влијаеле врз менталното здравје на испитаниците, односно било следено во кои моменти се подобрувало.

- Тоа е како да земате витамин Ц. На сите ни треба одредена доза, но не е добро ако претераме, тоа не носи никакви дополнителни здравствени придобивки. Всушност, земањето големи количини може да има штетен ефект - вели Даига Камераде, авторка на истражувањето и социолог од Универзитетот „Салфорд“ во Англија.

Извор: Ladbible.com
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука