X
 18.04.2022 Живот

Необични нови закони во некои земји за подобрување на животот на граѓаните

Новите времиња носат и нови закони. Така, некои држави предводат во обидот за подобрување на животите на своите граѓани преку законите.

Закон против пушење

Статистиката покажува дека во светот има 1,1 милијарда пушачи, иако се прават напори за намалување на овој број, особено кај малолетниците. Владата на Нов Зеланд поднела предлог-закон за забрана на продажбата на цигари на новите генерации.

Според законот, кој треба да стапи во сила годинава, лицата што сега имаат до 14-годишна возраст никогаш нема да може да купуваат цигари. Владата планира да ја зголемува старосната граница за забраната со текот на времето.

Бесплатни влошки

Владата на Шкотска презема мерки за финансиска помош на жените поради високите цени на влошките и тампоните. Локалните власти имаат обврска да обезбедат бесплатни влошки за сите на кои им е потребно. Овие производи се достапни во високообразовните установи и училиштата.


Фото: Pixabay

Обединетото Кралство презема слични чекори за бесплатна едукација на младите за темите поврзани со менструацијата и обезбедува бесплатни влошки и тампони во основните и средните училишта.

Вишокот храна не се фрла

Франција донела закон во 2016 година со кој се забранува фрлање на неискористена храна од страна на угостителите, кои наместо тоа може да ја донираат.

Пократка работна недела

Истражувањата покажале дека голем број од случаите со предвремена смрт на Јапонците се последица на преголем стрес на работното место. Затоа, Јапонија предложила закон со кој ќе се ограничат работните денови и работната недела ќе трае четири дена. Властите го оправдуваат овој потег со поголемото слободно време за жителите, што ќе ги направи посреќни и се очекува да поттикне раст на наталитетот.

Извор: Studenti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот