X
 18.06.2015 Живот

Што треба да знаете пред да одите да студирате во странство?

Многу студенти го вкусуваат самостојниот живот кога ќе одлучат да одат во странство и да студираат таму. За оние кои никогаш не живееле или не поминале подолг период во странство, тоа е нивното прво искуство во град кадешто не го зборуваат истиот јазик и не ја разбираат културата.

На што треба да обрнете внимание најмногу кога одите во странство?

1. Адаптирање - Обидете се да го научите јазикот или да уживате во градот и земјата во која планирате да студирате. Живеењето во друга земја е тешко, па затоа обидете се да ја научите нивната култура, традиција и обичаите и пред се` јазикот за да можете полесно да се адаптирате.

2. Проширете го кругот на пријатели - Немојте да се дружите само со луѓе од вашата земја, колку и да ви е тешко. Ќе искусите сосема нова култура доколку најдете пријатели од различни земји. Дружете се со сите студенти од вашиот клас и запишете се на програми кои ја охрабруваат интеракцијата помеѓу локалните и странските студенти.

3. Патувајте - Не ја пропуштајте можноста да патувате и да ги посетите земјите кои се наоѓаат блиску до државата во која студирате. Земете си неколку слободни викенди, пропуштете некој час и уживајте во патувањето.

4. Останете безбедни - Регистрирајте се со програми за безбедност преку вашиот домашен универзитет и обезбедете си патничко осигурување. Многу луѓе имаат одлично искуство и немаат проблеми додека се во странство, меѓутоа добро би било да имате здравствено и патничко осигурување.

5. Хоби - Вклучете се во различни програми, универзитетски клубови, најдете група на луѓе со која ќе играте фудбал, кикбокс и слично.

6. Истражувајте - Искористете ги ресурсите за иселениците. Знаете дека се таму, но веројатно никогаш не ви текнало да ги погледнете. Постои богатство на блогови, форуми и заедници кадешто можете да прочитате за искуството на другите, и кадешто можете да побарате совети.

7. Купете си речник - Со речникот купете и водич, или пак симнете ја апликацијата „Duolingo“ пред да заминете, и забележете ги зборови кои би требало да ги знаете додека сте таму. Научете ги зборовите како „здраво“, „те молам“, „благодарам“, „чао“ и нешто слично.

8. Снимете го вашето искуство - Земете си дневник, пишувајте блог. Пишувајте за различните предизвици со кои ќе се соочите и авантурите кои ќе ги имате.

9. Останете информирани - Вклучете се во политичкиот живот во земјата во која ќе живеете. Разговарајте со локалните жители, дискутирајте околу ова прашање. Најдобар начин да ја искусите меѓународната политика е ако ја доживеете.

10. Размислете за опција со флексибилно студирање - Ако поминувањето на еден семестар во странство не ви одговара, тогаш имате други алтернативи меѓутоа имајте предвид дека тоа одзема дополнително повеќе време. 
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот