X
 03.12.2019 Образование

Четворица студенти предале идентичен одговор на испит

Асистентот по предметот структури на податоци и алгоритми од Природно-математичкиот факултет од Сараево, Жељко Јуриќ, бил изненаден кога сфатил дека дури 4 студенти понудиле идентичен одговор на едно прашање од испитот по неговиот предмет. Двајца студенти направиле мали измени на истото прашање, за разлика од четворицата што го предале одговорот без никакви промени. Асистентот бил вознемирен, секако. Што направил? 


Кога ги објавувал резултатите, тој напишал и образложение, воедно и порака за студентите да се обратат кај него. Освен тоа, тој оставил и друг интересен коментар.

„Студентите Един, Вахидин, Нермина, Шеља, Фахрета и Јасмина треба да му се обратат на предметниот асистент, и тоа заедно (притоа, треба да подготват добра приказна). Имено, веројатно под влијание на одредени натприродни сили, првите четворица помеѓу наведените имаат идентична трета задача до таа мера што ги исклучиле и следните елементи:

- името на сите променливи и редоследот на нивната декларација во програмата;

- коментарите и текстовите што се јавуваат во програмата (како „внеси два цели броја“);

- длабочината на повлекување одредени редови и стилскиот изглед на програмата (што е многу, многу е!).

Со други зборови, овие студенти покажале завидни телепатски способности бидејќи нивните програми воопшто не се разликуваат! Последните двајца студенти од споменатата група имаат задачи кои се „разликуваат“ од останатите исклучиво во „многу важните детали“.

По некоја случајност кандидатите Хабул, Мркановиќ, Џармиќ и Шеќеровиќ имаат и други задачи кои може да се сметаат за различни само со мнооогу добра волја (која дефинитивно исчезна по прегледување на третата задача). Некоја одобрена разлика не е уочена ниту во првата задача, но да речеме (само да речеме) дека тие се разликуваат.

Статусот на овие шест кандидати ќе биде утврден по разговорот со предметниот асистент (кој, по сето ова, е многуууу лут).

Предметниот асистент

М-р Жељко Јуриќ“

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование