X
 18.06.2025 Живот

Овој португалски град важи за најевтина летна дестинација во Европа

Како што се приближува сезоната на летни одмори, сè повеќе туристи внимателно ги избираат своите дестинации одлучувајќи се за места што се значително поевтина варијанта. Една таква дестинација која сè повеќе се издвојува меѓу патниците што копнеат по сонце и море е португалскиот град Фаро, лоциран во сончевиот јужен регион Алгарве.

Фаро е прогласен за најповолна дестинација за одмор во Европа, надминувајќи дури и традиционално евтини земји како Турција и Бугарија. Цените навистина изненадуваат: една шолја кафе чини околу еден евро, а за чаша вино потребни се само два евра. За споредба, во Шпанија или Италија истите пијалаци чинат двојно повеќе.

Но, Фаро не привлекува само со ниските цени. Градот се гордее со повеќе од 300 сончеви дена годишно и прекрасни плажи кои привлекуваат посетители од цела Европа. Најпозната е „Праиа ду Фаро“, градска плажа долга цели пет километри, која нуди содржини за сите возрасти. За оние што претпочитаат тишина и недопрена природа, тука е „Праиа ду Анкао“, плажа без комерцијални објекти, совршена за вистинско опуштање.

Градот има богата историја, а особено се истакнува неговиот Стар град, кој го преживеал катастрофалниот земјотрес во 1755 година. Со својот барокен шарм, калдрми и ѕидини, денес е претворен во шармантна пешачка зона идеална за истражување.

Уште една голема атракција е природниот резерват „Риа формоса“, вистински рај за љубителите на птици, природата и фотографијата. До ова заштитено подрачје се стигнува со брод, а секој посетител таму ќе доживее вистински мир и поврзаност со природата.

Со оглед на тоа што нуди сонце, прекрасни плажи, богата култура и достапни цени, не е ни чудо што Фаро станува сè попопуларен избор меѓу европските патници. Ако барате место што нуди многу за мала сума, Фаро би можел да биде вашиот идеален одмор од соништата.

Извор: 6yka.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот