Авантуристот и светски патник од Сан Диего, познат како „RAMBLIN’ Randy“, ги посетил сите 193 држави во светот. Иако многумина би помислиле дека по толку патувања тешко е да се избере омилена дестинација, Ренди вели дека тоа била неговата најлесна одлука, а земјата која му оставила најголем впечаток е Бразил.
Љубовта кон таа земја се родила уште при првата средба буквално од авион. Додека летал над Ресифе, град на североистокот од Бразил, ги забележал високите пастелни згради покрај брегот, кои го потсетиле на Мајами. Сè уште не беше стапнал на бразилска земја, а веќе знаел дека мора да дојде повторно.
- Луѓето постојано ме прашуваат која ми е омилената земја. За мене, одговорот е многу едноставен и тоа е Бразил. Тоа е единствената земја поради која се откажав од сè: од работа, од стариот живот, од сигурноста и решив да се преселам. Кога првпат го видов Ресифе, знаев дека тоа е тоа - изјавил Ренди.
По враќањето во САД дал отказ од работа и се преселил во Ресифе. Како што раскажува, напуштањето на сигурноста на познатото и зачекорувањето во непознатото бил еден од највозбудливите моменти во неговиот живот.
Иако секое негово патување имало своја убавина, Бразил му останал во срцето. Последната дестинација што ја посетил била Туркменистан, за која вели дека е затворена и изолирана држава, која ја посетил дури во 2023 година, со што ја заокружил својата животна мисија.
Туркменистан било интересно искуство поради строгите правила за влез. За да влезе во земјата, морал да ангажира овластена туристичка агенција и да помине низ комплицирана процедура. Но, се исплатело бидејќи кога стапнал во 193. посетена земја, чувството било неверојатно.
Ренди нагласува дека најголемото богатство што му го донеле патувањата е разбирањето. Вели дека кога ќе го обиколиш целиот свет, она што претходно ти било туѓо ти станува блиско, а разликите престануваат да бидат пречка и стануваат предност.
- Патувањата те менуваат - заклучува Ренди.
Извор:
6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube