X
 18.08.2019 Живот

Невообичаен бизнис - се богатат продавајќи мраз од Гренланд

Едвард Кин е канадски рибар кој трага по карпи мраз што се отцепиле од гренландските глечери. Овој 60-годишен капетан на рибарскиот брод „Грин Вотерс“ секое утро испловува со уште тројца членови на екипажот во лов на неговото „злато“ - карпите мраз.

Тој се занимава со ова повеќе од 20 години и добро заработува продавајќи им ја на локалните компании водата што се добива од топењето на парчињата мраз. Бизнисот му оди рака под рака со глобалното затоплување.

Но, работата не е лесна. Деновите се долги, а „жетвата“ не е лесна. До карпите, кои Едвард ги забележува на сателитска снимка, мора да плови десетици километри.

За цела сезона, од мај до јули, екипажот собира околу 800.000 литри вода, кои им се продаваат на локалните компании за долар по литар, а тие потоа ја продаваат на пазарот како најчистата вода што може да се добие за пари.

Еден од купувачите, компанијата „Дина про“, ја продава водата во стаклени шишенца по цена од 16 канадски долари. Нивна мета се богаташите и тие се надеваат дека ќе успеат да го прошират бизнисот и на странските пазари.

Популарна винарница ја користи водата од карпите мраз за производство на вина. Шише може да чини и до 90 канадски долари.

Но, сето ова има и лоша страна. Иако тој не е виновен, работата на Кин цвета поради глобалното затоплување. Експертите велат дека Арктикот се загрева трипати побрзо од остатокот од планетата. Покрај успех, екипажот на „Грин Вотерс“ користи оружје кое не се сменило со децении - мотики, мрежи, секири.

- Тоа е тешка физичка работа и никој не останува долго. Јас имам 60 години и се надевам дека ќе издржам уште некоја година, но и мене ми минува времето - вели Кин, кој поради тоа е принуден често да ги менува членовите на екипажот.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот