X
 30.08.2021 Наука

Истражувачи случајно го откриле најсеверниот остров на Земјата

Група истражувачи минатиот месец веројатно биле првите што стапнале на мал остров во близина на Гренланд за кој се смета дека е најсеверното копно на Земјата.

Островот бил откриен случајно, а истражувачите биле на местото за да собираат примероци. Тие првично мислеле дека се на островот Одак, кој бил откриен во 1978 г. Подоцна сфатиле дека всушност се наоѓаат на друг остров кој се наоѓа 780 метри посеверно од Одак.

Малиот остров е долг само 30 метри, а највисоката точка на него е висока околу 3 метри, пишува Си-ен-ен.

Истражувачите предложиле тој да се вика Кекертак Аванерлек, што на гренландски значи најсеверен остров.

Во минатото, повеќе експедиции го барале најсеверниот остров на планетата во истиот регион.

Новооткриениот остров претходно бил зад санта мраз, која сега се поместила.

Извор: CNN
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука