X
 18.10.2021 Живот

Од денеска Денови на руската наука во МАНУ

Деновиве во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се одржуваат традиционалните Денови на руската наука. Настанот почна денеска со свечено отворање и обраќање на Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, Сергеј Александрович Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Владимирович Позјабин, ректор на Московската државна академија за ветеринарна медицина и биотехнологија, Евгениј Владимирович Рудој, ректор на Новосибирскиот државен аграрен универзитет и Велимир Стојковски, почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

Утре, од 11 часот, на програмата е излагањето на темата „Вештачка интелигенција – придобивки и недостатоци“ на академик Љупчо Коцарев, а в среда „Достигнувања во биохемијата и молекуларната биологија“ на Велимир Стојковски. На затворањето на манифестацијата, в четврток, ќе има излагања на темата „Достигнувања во земјоделските науки“ на Евгениј Варисович Камалдинов.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот