X
 19.04.2023 Живот

Најголемата летна наградна игра со Бокси!

Сигурни сме дека досега сте слушнале и знаете сѐ за првата македонска детска апликација за читање и слушање книги - Бокси. Тимот на Бокси е спремен за уште едно изненадување и ја организира најголемата наградна игра за ова лето.

Главната мисија на Бокси е да ја разбуди љубовта кон читањето кај најмладите и да создаде една убава навика кај сите додека времето поминато пред екраните е корисно за нив. Светот на книгите е сега блиску до секојдневието на дечињата.

Речиси сите издавачки куќи во Македонија и неколку странски како HarperCollins се партнери на Бокси и библиотеката може да се пофали со над 1.000 детски наслови во моментот и бројката континуирано расте.

Наградната игра започна на 5 април и ќе трае цели два месеца. Секој може да учествува и да се натпреварува. По случаен избор, Бокси води двајца најсреќни читатели и нивните најдобри другарчиња на летен камп во Каливас, Грција, од 26.6. до 2.7.2023 година на незаборавно патување. Кампот е организиран од Супер Распуст во покровителство на Балкан Фан. На 1 јуни ќе се одржи извлекувањето на добитниците.



Но, наградите не застануваат тука. Преостанатите читатели се потенцијални добитници на разни други награди, меѓу кои и викенд во Маврово за четворица, ваучер од BabyCenter, кадифени играчки од „Светот на Биби“, индивидуални часови по англиски јазик во English Language Academy, Barner - Banz очила за сонце и многу други. (погледнете ја целосната листа тука)

Имаме е-книги и аудиокниги на македонски, англиски и на албански јазик. Присутни сме на пазарот од крајот на октомври 2022 година и досега можеме да се пофалиме дека нашите верни Бокси читатели прочитале повеќе од 3 милиони зборови! Особено нѐ радува тоа што можеме директно да влијаеме врз збогатувањето на речникот кај младите во нашата држава.

- Во блиска иднина Бокси Кидс ќе прерасне во Бокси за цела фамилија, каде што би имале литература за целото читачко семејство, изјави Ивана Каралиева Петреска, еден од основачите на Бокси.

-Секој месец Бокси го наградува најдобриот читач со награда или вредносен ваучер. Но ова лето тимот на Бокси сака да ги поттикне најмладите читатели да читаат уште повеќе, но и да се заблагодари за довербата на сите свои корисници, па затоа ја организираме најголемата наградна игра досега - додава Димитар Најденов, еден од основачите на Бокси.

За повеќе информации за Бокси и наградната игра, може да ја посетите веб-страницата https://boksy.mk, како и на профилите на Фејсбук и Инстаграм.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот