Идејата дека она што го јадеме и пиеме влијае на нашето расположение не е нова. Оваа теорија и понатаму е предмет на истражување и има сѐ повеќе докази дека мозокот и стомакот се многу поврзани.
Стомакот дури се нарекува и „втор мозок“. Омега-3 масните киселини се смета дека имаат многу анти-воспалителни ефекти и некои студии велат дека ова се однесува на делови од мозокот кои се поврзани со депресија.
Слично, имањето на здрава цревбна флора го подобрува расположението затоа што има директен ефект на имуниот систем. А имунолошкото здравје е друг фактор кој се поврзува со менталното здравје.
Златни правила
Постојат неколку правила кои треба да ги следите за во борбата против депресијата и анксиозноста:
1. Јадете најмногу растенија – секогаш одбирајте зеленчук и мешунки кои се богати со влакна.
2. Користете голем број на билки и зачини – особено куркумата и шафранот.
3. Јадете за Вашиот стомак – тоа значи да го одржувате балансот во стомакот и цревата – со што вториот мозок ќе биде среќен и здрав.
4. Мастите Ви се пријатели – здравите масти, како гореспоменатите омега 3 се сметаат дека имаат позитивно влијание врз делови од мозокот поврзани со депресијата.
5. Добивање на вистинска рамнотежа на протеини – јадете повеќе добри протеини кои се добиваат од рибата или посното месо, а избегнете преработки од месо.
6. Избегнувајте засладувачи и адитиви – премногу обработената храна штети на Вашето ментално здравје.
7. Внимавајте на шеќерот во крвта.
8. Вашата исхрана треба да варира – вклучете разновидни состојки во исхраната.
9. Релаксирајте се и уживајте – не ги заборавајте придобивките од јадењето како социјална активност. Постои причина зошто речиси секоја
култура се фокусира на прославите околу храната.