Гледачите на „Нетфликс“ се закануваат дека ќе ги откажат своите претплати поради најновата вест дека стриминг-платформата планира наскоро да воведе реклами генерирани од вештачка интелигенција, и тоа за време на самите серии и филмови.
Претплатниците со најевтин пакет ќе бидат првите што ќе се соочат со овие нови реклами. Се очекува да почнат да се прикажуваат во 2026 година.
По серијата поскапувања во изминатите години поради економската криза и неодамнешното воведување класични реклами, ова за многумина би можело да биде „капката што ја прелеа чашата“.
- Темелите на нашето рекламно работење се поставени и очекуваме уште побрз напредок во иднина - изјави Ејми Рајнхард, претседателка на одделот за рекламирање на „Нетфликс“.
Новите реклами нема да се појавуваат само во класичните паузи, туку и кога корисникот ќе притисне на пауза и тоа со помош на вештачка интелигенција, која ќе ги приспособи рекламите според темата на содржината што се гледа. На пример, може да се појави реклама за производ што корисникот го пребарувал на интернет, во комбинација со визуелни елементи од филмот или серијата што е на екранот.
„Никој не сака вакво ѓубре“
Вештачката интелигенција не им е омилена на сите, а по оваа најава многумина сериозно размислуваат да ја прекинат својата претплата. На платформата „Х“ се појавија многу коментари од незадоволни корисници, а многумина се заканија дека планираат да ја откажат претплатата.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik