X
 19.06.2020 Образование

Големо истражување за онлајн-курсевите покажува изненадувачки резултати

Џастин Рејч, професор на Технолошкиот институт во Масачусетс, САД и повеќе негови колеги штотуку завршиле едно од најголемите истражувања за техниките во онлајн-предавањето на професорите во високото образование. Во анализата биле вклучени речиси 250.000 студенти од речиси секоја земја на планетата.

Истражувањето имало цел да покаже дека малите интервенции во наставата, како барањето од студентите пред започнувањето на курсот да објаснат како планираат да го искористат знаењето од курсот во нивниот живот, значително ги подобруваат резултатите на студентите во онлајн-курсевите со многу студенти. Истиот тим претходно ја направил анализата на помал број курсеви и студенти и било откриено дека таквите активности ги зголемуваат шансите за успешно завршување на курсот за 29%.


Фото: Pixabay

Истражувачите мислеле дека големото истражување ќе ги потврди истите заклучоци, но не било така. Новото истражување, кое траело повеќе години и вклучило 250 курсеви на платформата „Едекс“, покажало дека активностите пред курсот немале значајно влијание врз процентот на студенти што успешно ги завршиле курсевите.

Влијанието на ваквата активност било видливо една или две недели, но ефектот се намалувал со течењето на курсот. Други слични активности пред курсевите што биле тестирани, исто така, не влијаеле позитивно врз успехот на студентите.


Фото: Pixabay

Сепак, истражувачите донеле неколку заклучоци од големото истражување. Меѓу другото, тие сметаат дека професорите треба да посветат поголемо внимание на контекстот кога предаваат за научни истражувања.

- Има работи што може да се генерализираат, сè додека може да ги разбереме условите во кои тие може да се применат - вели Рене Кизилцец, асистент-професор на Универзитетот „Корнел“, кој работел на истражувањето.

Автор: Џефри Р. Јанг
Извор: edsurge.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование