Повеќе од 120 работни позиции во јавната администрација се слободни. Во моментов се активни повеќе огласи за вработување, а најголем број службеници се бараат за вработување во
Собранието на Република Македонија - вкупно 49, и тој оглас е активен до 27 јуни.
До 24 јуни е отворен
огласот за вработување 15 службеници во Министерството за финансии, а исто толкав број административци се бараат со
огласот за вработување во Министерството за одбрана.
Комисијата за заштита на конкуренцијата вработува 14 службеници, а за нивно наоѓање се распишани два огласи,
едниот за 10 службеници, кој е активен до 24, и
вториот за 4 службеници, кој е активен до 25 јуни.
Јавното претпријатие за државни патишта вработува 11 службеници и има активен оглас за нивно вработување до 26 јуни, додека
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вработува 9 службеници и огласот за аплицирање за тие места е отворен до 25 јуни.
Сите други огласи можете да ги видите
ТУКА.