Лав Толстој, руски романописец, е познат по епските дела како „Војна и мир“ и „Ана Каренина“. Неговите животни искуства, од сведочење на војни до духовни потраги, длабоко влијаеле врз неговото творештво и му овозможиле поголемо разбирање за душата на човекот. Разбирањето на емоциите, мотивите и моралните дилеми го направиле неговото дело вечно и сè уште има силен одзив кај луѓето денес.
Џулијан де Медеирос, кој споделува размислувања за филозофија на „Тик-ток“, неодамна објасни како Толстој препознал дали некој има висока интелигенција и неговото согледување носи извонредна порака за човештвото.
- Колку е посилен интелектот кај човекот, толку повеќе открива добрина кај другите. Ништо не го збогатува светот повеќе од добрината. Таа ги прави мистериозните нешта разбирливи, тешките лесни, а досадните весели - напишал еднаш Толстој.
Де Медеирос ја поедноставил мислата на Толстој во една реченица: - Интелигентните луѓе не се плашат да бидат добри.
Понатаму, тој истакнал дека Толстој верувал во моќта на емоционалната интелигенција.
- Да имаш емоционална интелигенција, значи да го гледаш доброто во другите, тоа го мислел Толстој, дека да бидеш интелигентен, значи да бидеш добар - додал тој.
Според Де Медеирос, Толстој сфатил дека интелигентните луѓе се добри и ја препознаваат добрината кај другите. Интелигентниот човек е свесен за добрината во себе и во светот околу него.
Можеш да бидеш доволно паметен за да бидеш дарежлив, внимателен и добар. Можеш да бидеш доволно паметен да ги поддржуваш луѓето наместо да ги критикуваш. Можеш да бидеш доволно паметен да дадеш пред да добиеш (или уште подобро, без да очекуваш нешто за возврат). Можеш да бидеш доволно паметен да ја препознаеш заслугата кај другите, наместо кај себе.
Со други зборови, овие сознанија јасно се поклопуваат со идејата на Толстој за поврзаноста помеѓу добрината и интелигенцијата.
Преку размислувањата на Толстој, Де Медеирос нагласува нешто што често се занемарува кога се зборува за интелигенцијата: вистински паметните луѓе се поврзани со своите срца исто како и со умот.
Извор:
Upworthy.com
Фото:
Wikipedia