X
 19.09.2019 Живот

На Загреб му се заканува епидемија од сипаници

Се претпоставува дека во Загреб моментно има повеќе непријавени случаи на заболени од сипаници, пишува весникот „Јутарњи лист“, наведувајќи дека на хрватскиот главен град му се заканува епидемија.

За само две недели дури седум граѓани на Загреб заболеле од сипаници. Имајќи предвид дека станува збор за високозаразен вирус, ширењето на болеста не би било невообичаено. Меѓутоа, експертите ги загрижува фактот дека седумтемина заразени не се познаваат, не биле во меѓусебен контакт и засега не е утврдена никаква врска меѓу нив.

Весникот истакнува дека сите пациенти се заразиле во многу краток рок, поради што лекарите очекуваат нови случаи.

Исто така, не може со сигурност да се каже дали заразените се вакцинирани или не.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот