Облечени во најдобри костуми и со вратоврски, криминалците од 20 век изгледаат како да позираат за модни магазини. Но, зад уредниот изглед се кријат лица кои извршиле некои од најужасните злосторства во тоа време.
Ова се фотографии на австралиски осуденици кои полицијата ги уапсила поради брутални убиства, кражби и други злосторства во 20-тите и 30-тите години од минатиот век. Музејот за правда и полиција на Австралија објави 2.500 фотографии на жени и мажи криминалци од тој период.
Сликите на убијци, бигамисти, шверцери на алкохол и други криминалци даваат фасцинантен увид во животот во Австралија на почетокот на 20 век.
Овие „специјални фотографии“ најчесто се создавале во ќелиите на Централната полициска станица во Сиднеј, а како што објаснува кустосот Питер Дојл, тие прикажуваат луѓе и жени веднаш по нивното апсење на улица, често уште вознемирени од драмата на апсењето.
Дојл смета дека за разлика од обичните затворски фотографии, субјектите на специјалните фотографии најверојатно имале дозвола, можеби дури и повик, сами да заземат поза и да го обликуваат својот портрет како што сакаат. Нивниот фотографски идентитет се создавал низ комбинација на вродени карактеристики, лична историја, навики и карактеристични гестикулации, сопствен стил (фризура, облека, додатоци) и физички особини.
Самите фотографии се исклучително квалитетни, со добра композиција и во многу случаи имаат уметничка вредност.
Алберт Стјуарт Ворнкин е наведен во полицискиот билтен на Нов Јужен Велс од 10 ноември 1920 година како обвинет за обид за силување на 8-годишно девојче.
Погледнете како изгледале другите фотографии на уапсените луѓе.
Фото: Australia’s Justice & Police Museum