X
 19.12.2018 Образование

„Ден на возрасните“ - училиште во Кентаки ги учи децата како да готват, да плаќаат сметки и да сменат гума

Светот на возрасните е тежок. И додека средношколците ги усвојуваат сите технолошки вештини и вештини за учење, честопати не успеваат да ги научат вештините од секојдневниот живот до моментот кога ќе го напуштат домот. Некои веруваат дека средните училишта треба да понудат предмети што ќе ги научат учениците како да плаќаат сметки, да менуваат гуми или да готват.

Сега, едно училиште во Кентаки нуди „ден на возрасните“ за да ги научи учениците на вакви вештини во текот на нивната последна година. Матурантите од Булит средното училиште во Шепердсвил, Кентаки, ги замениле нивните часови по алгебра и литература за да научат позитивни животни вештини.

- Мислам дека идејата ми дојде кога првично на „Фејсбук“ видов како родителите велат дека на средношколците им се потребни часови на кои ќе научат како да плаќаат даноци и како да готват - вели Кристи Хардин, директор на Центарот за семејни ресурси и младински услуги.

Членовите на заедницата помогнале во одржувањето на лекциите за секој студент, вклучувајќи ја и локалната полиција, која ги научила децата како да комуницираат со полицајците за време на сообраќајните запирања. На учениците им било објаснето и како да ја откријат разликата помеѓу носталгијата и депресијата, им било покажано како да користат кредитни картички, како да готват во студентска соба и како да сменат гума на автомобил.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование