X
 19.12.2020 Живот

2020 година беше тешка за сите, но овие позитивни вести ја прават малку поубава

Поради сè што се случи во 2020 година - пандемијата, природните катастрофи, целата загуба и страв - лесно е да се изгуби надежта. Но, не очајувајте.

Обично се фокусираме на негативните вести, па ги игнорираме убавите, пријатни и инспиративни работи што се случуваат околу нас.

Мауро Гати, основач на „Хепи бродкест“, илустрира позитивни вести од целиот свет и ги носи најдобрите работи што се случија во 2020 година, кои ќе го подигнат вашето расположение и ќе ве натераат повторно да верувате во човештвото.

- Ова беше тешка година за целиот свет, но никогаш не сум видел толку прекрасни приказни за човечката добрина и љубезност како што видов во 2020 година - вели тој.

Приказните и вестите во продолжение ќе ви го стоплат срцето и ќе ви покажат дека светот сепак е убаво место за живеење.

- Во 1847 г. племето Чокто испратило 170 долари до ирските семејства што гладувале. Денес, Ирците ја враќаат услугата со собирање 5 милиони долари за Индијанците погодени од пандемијата.

- Тату-мајсторите бесплатно им ставаат тетоважи на сите луѓе што имаат расистичка тетоважа, а сакаат да се ослободат од неа, без да поставуваат прашања за тоа од каде и зошто е тетоважата. Тие сакаат да им помогнат на луѓето да го заборават лошото минато.

- Германија претвори 62 воени бази што не ги употребувала во засолништа за животните. Потег што за четвртина ќе ја зголеми целата област на заштитени живеалишта на Германија.

- Владата на Нов Зеланд ќе обезбеди бесплатни хигиенски производи за сите ученички.

- Некои судници во САД вработуваат кучиња-помошници да ги тешат децата жртви на злоупотреба додека сведочат за нивните искуства.

1
Фото: Instagram

- Норвешките истражувачи откриле интересен трик: со бојадисување во црна боја една перка од ветерниците може за 70 отсто да се намалат смртните случаи кај птиците.

- Во Швајцарија е нелегално да имате само едно морско прасе. Законот вели дека мора да имате две за да не се чувствува осамено кога е едно.

- Рекордното ниво на озонска дупка над Арктикот (најголемата од 2011) сега е намалено.

- Пар во Бразил успеал да засади 2,7 милиона дрвја во период од 20 години и да ја обнови уништената шума, која сега е дом на над 500 растенија и животни од загрозен вид.

- Властите од Судан ќе му стават крај на детскиот брак и ќе забранат осакатување на женските гениталии, голем чекор кон правата на жените и девојките.

- По децении кампањи за вакцинација, во Африка официјално е искоренета детската парализа (полиомиелитис). Една од најголемите успешни здравствени приказни на сите времиња.

2
Фото: Instagram

- Орка која стана светски позната во 2018 година, кога 17 дена го носеше своето мртвородено бебе, повторно се породила, овој пат со здраво бебе.

- Додека Индија беше затворена поради пандемијата, стотици илјади морски желки се појавија на брегот, првпат по многу години и положија 60 милиони јајца.

- Докторите во Шкотска и во Канада почнаа да препишуваат рецепти за поминување време во природа и посета на музеи за да им помогнат на луѓето што се борат со анксиозност и депресија.

- Копенхаген засадува овошки низ целиот град за секој да може да ужива во свежо овошје.

- Во Ирска постои „Клуб за момчиња“ што ги охрабрува мажите да ги споделуваат нивните вистински чувства, да ја истражуваат здравата машкост и нуди безбедно место каде што мажите можат да бидат ранливи.

- Среде пандемија луѓето почнаа интензивно да посвојуваат кучиња, мачки и пилиња за да се справат со самоизолацијата.

- Во историска одлука, Врховниот суд на САД пресуди дека е нелегално да се отпушти работник затоа што е дел од ЛГБТ-заедницата.

- НАСА ќе го преименува нејзиното седиште по првата црна инженерка - Мери В. Џексон, која ги разби расните и половите бариери и им помогна на американските астронаути во вселената.

- Во обид да се запре уништувањето на шумите, неколку амазонски племиња во Бразил се обучени да раководат со дронови за да гледаат над прашумите и да забележат какви било нелегални активности.

- Франција сака да го направи нелегално повредувањето на планетата. Земјата планира да воведе „екоцид“ и да почне да ги казнува големите загадувачи.

- Во Истанбул, Турција, има паметни апарати за хранење улични мачки и кучиња - излегува храна секогаш кога некој човек ќе ја искористи машината за да фрли пластично шише.

kuce
Фото: Instagram

- Две панди во Хонг Конг со децении неуспешно се обидуваа да создадат потомци. Но, кога зоолошката се затвори за јавноста поради пандемијата, тие конечно успеаја.

- Шкотска е првата земја во светот што обезбедува бесплатни производи за месечен циклус за сите.

- Неколку коали повредени во австралиските пожари во 2019 година закрепнаа и сега се пуштени назад во дивината.

- Финска успеала да засади 150 милиони дрвја гoдишно, и тоа го правела со децении. За држава со население од 5 милиони, тоа значи 27 дрвја на личност.

- Парламентот на Нов Зеланд едногласно го усвои амандманот за еднаква плата меѓу мажите и жените.

- Новите истражувања покажуваат дека пчелите обожаваат канабис и тој може да им помогне во зголемувањето на нивната популација, која е во опаѓање.

- Шенжен стана првиот кинески град што забрани продажба и консумирање на кучиња и мачки со историски нов закон.

- Холандска компанија создава 100 отсто шишиња базирани на растение што се разложуваат во период од една година (за разложување на пластиката потребни се 450 години).

- Бејби-бум меѓу слоновите во Кенија. Бројот на слонови во Кенија двојно се зголеми од 1989 година досега благодарение на зголемените напори против ловокрадците.

- Амазонска домородна заедница ја доби тужбата што се влечкала 24 години против компаниите кои нелегално ја уништиле земјата во 80-тите години на минатиот век.

pozitivni vesti

- Истражувачите откриле дека машките делфини формираат „бендови“ за синхронизирано да пеат „поп“ песни за да ги привлечат женките.

- Стаорецот-херој Магава е првиот што добил највисок британски орден за животни затоа што успеал да детектира 39 мини и 28 неексплодирани направи.

- Маица направена од живи алги може да генерира кислород исто колку шестгодишен даб.

Извор: Bored Panda
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот