X
 24.02.2020 Технологија

Трендови на социјалните мрежи за 2020

Во моментов има повеќе луѓе активни на социјалните мрежи отколку вкупниот број на жители на планетата пред 40 години. Тоа се 3,8 милијарди луѓе, од кои секој поминува барем 2,5 часа дневно на социјалните мрежи. Преку социјалните мрежи може да се влијае врз огромен број луѓе.

Социјалните мрежи постојано се менуваат за подобро да ги задоволат потребите на своите корисници. Без разлика дали сте индивидуалец, инфлуенсер или бренд, во денешно време е важно да се биде во чекор со промените на социјалните мрежи. Што може да очекуваме во 2020 година?



Фото: pixabay.com

Ефемерална содржина

Иако досега не сте слушнале за изразот, веројатно веќе имате ефемерална содржина на своите социјални мрежи. Станува збор за содржина - фотографии, текст и видео - што стои на социјалните мрежи краток период, како приказните на „Снепчет“, „Фејсбук“ и „Инстаграм“. Бројот на корисници што користат ваква содржина расте. Згора на тоа, се чини дека на корисниците не им пречи да гледаат приказни што се платени од брендови, па затоа ваквата содржина ќе се зголеми годинава.

Хумор и предизвици

Брендовите ги поместуваат границите и користат хумор за да се промовираат или за да шират негативна кампања за своите ривали. Хуморот сè почесто ќе биде искористен за промоција и во 2020 година.



Фото: pixabay.com

Откривање нови инфлуенсери

Веќе е познато дека „Фејсбук“ размислува за криење на бројот на лајкови во објавите, а се планираат и други промени. Корисниците на социјалните мрежи сега може сами да се додадат како инфлуенсери на посебна платформа за соработка помеѓу брендови на компанијата. Преку платформата брендовите ќе може да го гледаат вистинскиот ефект од објавите на инфлуенсерите, а ова може да значи зачувување на профитот од страна на „Фејсбук“ наместо да профитираат инфлуенсерите.

Маркетинг на „Тик Ток“

„Тик Ток“, социјалната мрежа која во моментов е хит на генерацијата Z, е мрежа за споделување видеа во кои корисниците прават смешни и необични активности во облик на предизвик. Некои брендови веќе се присутни на оваа социјална мрежа, а нивниот број само ќе се зголемува.

Автор: Аманда Преснер Крусер
Извор: inc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија