X
 20.02.2025 Живот

Овој производ од поранешна Југославија денес вреди колку злато

Производите од поранешна Југославија и денес будат носталгија кај многумина. Некои ги истакнуваат локалната индустрија и квалитетот на производите што сè уште функционираат, а не треба да се занемари ни нивниот дизајн. Токму еден таков пример стана вистински хит во ретро-заедниците на интернет – југословенските лустери од 70-тите години денес се вистинско богатство!

Огромна побарувачка за лустерите што личат на летечки чинии

На фејсбук-групата „Ретротека“ беа објавени фотографии од лустери произведени во 70-тите години, кои веднаш предизвикаа лавина реакции и зголемена побарувачка.

- „Мебло Гузини XL“ лустер од 70-тите, дизајниран во стилот на „Спејс еџ НЛО“ ерата. Како деца ги гледавме и си замислувавме дека се летечки чинии - напиша еден член на групата покрај фотографија од бела висечка ламба.

Реакциите не изостанаа – многумина веднаш прашаа дали лустерот е на продажба, а кога дознаа дека е, многумина сакаа да го купат. Лустерот се продава по цена од 150 евра, а во коментарите го нарекоа „безвремен класик“.

2
Фото: Retroteka/Facebook/Screenshot

Освен овој модел, друг член на групата објави фотографија од различен тип на мебло-лустер, кој и по толку години е зачуван во одлична состојба. И повторно имаше многубројни прашања за продажба и цена на лустерот. Овој модел, пак, се продава за 130 евра.

Во минатото, Нова Горица во Словенија беше позната по фабриката „Мебло“, која имаше ексклузивни права за увоз на новитети во Југославија. Компанијата, меѓу другото, произведувала дизајнерски светилки од плексиглас за италијанската фирма „Гузини“, кои денес се многу барани.

Дали југословенските производи беа поквалитетни?

Прашањето за квалитетот на производите од поранешна Југославија често предизвикува дебати и дискусии. Додека некои тврдат дека тие биле многу издржливи и квалитетни, други сметаат дека не секогаш можеле да се носат со западните стандарди во поглед на технологијата и иновациите.

1
Фото: Retroteka/Facebook/Screenshot

Југославија имаше развиен индустриски сектор, со фабрики како „ФАП“, „Застава“, „ИМТ“, „ТАМ“ кои произведуваа автомобили, трактори, алати, електроника и други производи. Квалитетот на овие производи за своето време бил одличен, но не секогаш можел да им конкурира на напредните западни брендови.

Сепак, еден факт останува јасен – југословенскиот дизајн, особено во светот на мебелот и осветлувањето, и денес е популарен меѓу колекционерите.

Извор: Dnevno.hr
Фото: Screenshot/YouTube/ Balkan Berater/Ilustracija
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот