X
 20.03.2016 Живот

Начини кои ќе ви помогнат да го организирате вашиот живот

Не сме сите успешни во организирањето. Организацијата сама по себе не е баш едноставен процес. Таа е последица на здрави навики. Ова се некои од навиките кои ќе ви помогнат да живеете организиран живот.

1. Запишувајте

Веројатно веќе ви се случило да дојдете до неверојатни идеи кои не сте ги запишале, туку сте си рекле дека ќе се сетите на нив подоцна. И секако, никогаш не сте сетиле на нив. Не е важно каде сте и што работите, морате секогаш да имате при рака хартија и пенкало или пак телефонот за да запишете се` што ќе ви дојде на ум.

2. Списокот е вашиот пријател

Списокот не мора да биде важен само кога одиме да купуваме. Списоците често можат да ни помогнат и при некои ситуации кога не сме сигурни што сакаме.

3. Направете го тоа сега

Иако сите имаме тенденција да ги одложуваме обврските, често поради тоа се каеме. Намалете го стресот такашто обврските ќе ги завршите одма. Потрудете се да не ги извршувате обврските во последен момент.

4. Чувајте го само она што е неопходно

Кога сте опкружени со хаос, дури и едноставните обврски стануваат неподносливи. Изборот на гардероба станува кошмар кога бараме во шкафчето или фиоката, а тие се во хаос. Едноставното решение на овој проблем се наоѓа во чувањето на неопходни работи. Доколку цела година не сте употребиле нешто, време е да го фрлите.

5. Заедничка задача


Доколку имате брат/сестра често можете да ги поделите обврските кога станува збор за средување на куќата. Тие веројатно нема многу да се радуваат на тоа, но секој мора да придонесе на некој начин.

6. Држете се до распоредот

Доколку сте организирана личност, вам времето ви е драгоцено. Секоја секунда е важна, а вие веројатно не сакате да трошите ни минута. Организацијата е клучот на продуктивноста.

На каледнарот забележувајте ги важните датуми, последните рокови за извршување на обврските и за брзо време ќе забележите колку планирањето го прави животот полесен.

7. Користете само еден календар


Доколку ги запишувате вашите обврски во неколку календари така ќе создадете неред и нервоза.

8. Пронајдете време за чистење


За целосно да сте организирани важно е да пронајдете доволно време за чистење. Искористете го вашето слободно време за да се организирате и поштедите себеси од непотребен стрес.

9. Сѐ нека има свое место

Организирајте ги сите ваши работи такашто ќе ги наредите според нивната намена. Никогаш не ги сортирајте под „разно“ бидејќи тоа е дупка без дно и повеќе никогаш нема да можете да пронајдете нешто.

10. Донирајте една работа пред да купите друга


Ослободете се од нешто кое не ви е потребно, а ќе го добиете она што го сакате. Доколку ова го правите често, никогаш нема да морате да соочувате со просторот преполн со работи кои не ви се потребни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот