X
 20.03.2019 Политика

Илјада војници дезертирале. И генерали почнаа да го напуштаат Мадуро

Околу 1.000 припадници на венецуелските сили за безбедност дезертирале и побегнале во Колумбија минатиот месец, оставајќи ги зад себе униформите и оружјето, соопштија колумбиските власти.

Колумбиското министерство за надворешни работи ги наведе во соопштение најновите податоци за бројот на венецуелски полицајци и војници што ја напуштиле владата на Николас Мадуро и пребегнале во Колумбија. Колумбиските службеници соопштија и дека сите дезертери по пристигнувањето добиле сместување, ја добиле потребната здравствена нега и правна заштита.

Интересно е што венецуелскиот генерал Карлос Ротондаро, кој е под американски санкции, побегна во Колумбија. Во 2018 година САД го санкционираа воениот генерал Ротондаро, поранешен челник на државната агенција одговорна за лекувањето на хронично болните луѓе, како дел од напорите да се истакне лошото управување со економијата и ендемичната корупција во Венецуела од страна на владата на Мадуро.

- Јас не сум предавник, јас сум лојален на мојата татковина. Мојата заклетва (за воена служба) не вклучуваше бранење на корумпирана и неспособна влада - истакна Ротондаро.

Тој додаде дека морал да излезе од Венецуела преку илегални премини затоа што пасошот му бил поништен.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика