X
 20.03.2021 Живот

Звучи неверојатно, но спалната соба е поврзана со стресот

Со оглед на тоа дека повеќето луѓе помалку време во текот на денот поминуваат во спалната, терапевтот Вина Колинс вели дека луѓето често ја занемаруваат. Но, не би требало да биде така.

- Нашето семејно опкружување е поврзано со целокупното здравје - вели терапевтот Сесил Арен, која води поткаст за ментално здравје наречен „Гет мантал“.

- Одредени предмети и елементи може да создадат стрес и да доведат до тоа нашите тела да бидат напнати и стегнати - вели Арен.

И Колинс и Арен споделуваат кои три работи може да предизвикаат стрес во спалната соба.

1. Немате доволно место за складирање на работите


Колинс вели дека несоодветниот простор за складирање на вашите работи може да доведе до пренатрупан простор и неред, а тоа може да го отежне опуштањето.

- Преку ослободувањето простор во собата, му давате слобода и на умот - вели терапевтот Марк Лоуен.

Токму затоа Арен ги чисти нејзиниот дом и нејзината спална соба и вели дека се ослободува од работи што се скршени и повеќе не можат да ѝ служат или повеќе не ѝ носат никаква вредност во животот.

krevet
Фото: Freepik

2. Несреден кревет


- Несредениот кревет е уште еден пример за неорганизираност поради кој спалната соба може да предизвика стрес - вели Арен.

Средувањето на креветот е едноставна задача поради која ќе се чувствувате продуктивно уште на почетокот на денот и е активност што ќе ви го диктира начинот на кој ќе го поминете денот.

3. Расфрлена облека

Колинс вели дека расфрлената облека може да го зголеми стресот така што ќе ги натера луѓето да се чувствуваат како да се „стеснети“.

- Кога облеката е натрупана на столот, масата, креветот или на подот, тоа може да ви го одвлече вниманието и да ви предизвика стрес - вели Колинс.

Но, не е проблем само облеката што сме ја оставиле на креветот или на столот, туку и облеката што сте ја фрлиле во плакарот, а не ја носите.

- Во плакарот може да ставиме многу облека, но тоа ќе ни оневозможи да видиме што сѐ имаме и нѐ спречува да ги носиме работите што ги сакаме - вели Колинс.

За спалната соба да стане оаза на мир и место за опуштање по долг стресен ден, средете го креветот, средете ги и ставете ги алиштата на соодветното место и размислете за нови начини за чување на предметите.

Извор: Insider.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот