X
 07.05.2025 Наука

Дали косата навистина може да побели од стрес? Еве што вели науката

Во поранешни студии истражувачите ги замолувале учесниците да пополнат прашалници за бојата на косата и нивото на стрес и се обиделе да ги поврзат. На пример, во една студија објавена во 2016 година научниците анкетирале повеќе од 1.100 млади Турци и откриле дека 315 од оние што пријавиле предвремено побелување на косата имале повисоко ниво на стрес од оние што не го сториле тоа.

Но, студија на глувци објавена во 2020 година го однела истражувањето чекор понатаму. Во неа истражувачите им предизвикувале стрес на глувците на различни начини, вклучително и со инјектирање хемикалија слична на чили-пиперките што предизвикала реакција „бори се или бегај“. Ова предизвикало ослободување на хормонот на стрес норепинефрин, кој ги исцрпил фоликулите на косата од матични клетки вклучени во додавањето пигмент на крзното на глушецот. Косата потоа побелела.

- Истражувачите покажаа слични ефекти од високите нивоа на норадреналин врз човечките матични клетки во лабораторија, што ја поддржува идејата дека хормонот на стрес е поврзан со побелувањето на косата кај луѓето - вели Ја-Чие Хсу, професор на „Харвард“ и еден од авторите на студијата.

Но, студиите на оваа тема е тешко да се спроведат кај луѓето бидејќи истражувачите не можат етички да предизвикаат вештачки високи стресни реакции кај луѓето како што можат кај животните, додал д-р Хсу.


Сепак, една мала студија објавена во 2021 година го унапредува наративот: Истражувачите кинеле различни прамени коса од 14 волонтери кои имале барем малку седа коса. Неколку влакна биле целосно сиви, некои биле делумно сиви, а некои воопшто не биле сиви. Потоа научниците создале дигитални слики со висока резолуција од влакната и пресметале кога секое влакно побелело, користејќи процени за стапката на раст на косата.

Тие, исто така, ги замолиле учесниците да ги евидентираат стресните искуства од изминатата година на временска рамка и да ги рангираат од најмалку до најстресно искуство. Истражувачите откриле дека моментот кога праменот коса побелел честопати одговарал на најстресниот момент на волонтерот во претходната година.

- Ова беше прв пат една студија да поврзе специфични стресни настани со точниот момент кога косата почнала да побелува - истакнал Мартин Пикард, вонреден професор по бихевиорална медицина на Универзитетот Колумбија и автор на студијата.

Извор: 24sata.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука