X
 20.03.2025 Живот

Пет прашања што е незаконски да се поставуваат на интервјуа за работа во САД

Експертот за човечки ресурси Ли Хендерсон посочува кои прашања не се соодветни за интервју за работа, односно пет работи за кои работодавците законски не смеат да ве прашаат. Барем, во САД.

Интервјуата сами по себе се застрашувачки на одредено ниво, а ова се петте работи што во Америка не смеат да ви бидат поставени како прашања на интервју за работа:

Од каде сте?

Според извршниот директор на „ХР Манифесто од Тексас, прашањата: „Од каде си?“, „Кој е твојот мајчин јазик?“, „Дали зборуваш англиски дома?“ и „Од каде ти е акцентот?“ никогаш не треба да се поставуваат.

Во една статија напишана за „Бизнис инсајдер“ од 43-годишната жена, таа споделила дека нема причина да ги поставите прашањата и дека тие се надвор од границите.

Па, како треба да одговорите?

Ли Хендерсон советува дека треба да го пренасочите разговорот додека избегнувате лично откривање.

Нејзиниот препорачан одговор е: „Возбудена сум поради можноста да работам овде и би сакала да се фокусирам на мојата професионална заднина. Среќна сум да одговорам на сите прашања кои се однесуваат на тоа како можам да придонесам за вашиот тим“.

Колку години имате?

Да, верувале или не, во САД е незаконски да се прашуваат кандидатите колку години имаат, и која година се родени... според советите на експертот за човечки ресурси. Тоа е така затоа што законите за работни односи во САД спречуваат дискриминација според возраста, иако има некои исклучоци - на пример, ако се однесува на возраст под 21 година и кандидатот се обидува да најде вработување како шанкер.

- Може да речат, дали си доволно возрасен за да работиш? - овие прашања може да се искористат за омаловажување на интервјуираниот, а оној што интервјуира може погрешно да го поврзе изгледот на младоста со тоа што кандидатот е неискусен. За постар соговорник, може да се постави прашањето поради загриженост дека апликантот нема да може да остане во чекор со технологијата, или поради брзото опкружување или, пак, да се вклопи во културата на помладата компанија - тврди експертот.

Наместо тоа, работодавците треба да прашаат колку релевантно професионално искуство има кандидатот.

Ако ве прашаат директно за вашата возраст, Хендерсон објаснува дека треба да одговорите вака: „Преферирам да се фокусирам на моите квалификации и вредноста што ја носам на оваа улога. Имам X години искуство директно поврзано со оваа позиција, вклучувајќи (клучни вештини или релевантни достигнувања). Би бил среќен да ги елаборирам“.


Кои се вашите религиозни убедувања?

-Религијата е заштитена. Ако работодавецот ве прашува дали одите во црква или друг верски објект, или кои празници ги славите, тоа е „огромно црвено знаме“. Кога се соочувате со несоодветни или незаконски прашања на интервјуто, клучот е да останете смирени, професионални и самоуверени додека нежно го насочувате разговорот назад кон вашите квалификации и вредност - објаснува Хендерсон.

Колку деца имате?

Можеби изгледа како секојдневен муабет, но ако оној што ве интервјуира ве праша дали имате деца, тогаш тој би можел да го прави тоа за да процени колку време некој може да посвети на канцеларијата, објаснува експертот за човечки ресурси.

-Тие можеби нема да сакаат да вработат некој со обврски надвор од работата - вели Хендерсон.

Дали сте во брак?

- Оној што интервјуира може да се запраша дали треба да му платат на кандидатот колку што вреди, под претпоставка дека кандидатот има вработен сопружник кој би можел да го издржува - објаснува Хендерсон.

Значи, како треба да го пренасочите прашањето?

Експертот за човечки ресурси верува дека одговорот на ова може да биде следниот: „Претпочитам да го задржам мојот личен живот приватен, но би сакал да разговарам за тоа како моите вештини и искуство се усогласуваат со потребите на оваа позиција“.

Извор: unilad.com

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот