X
 20.04.2021 Наука

Научници создадоа хибридни ембриони од мајмун со човечки клeтки

Меѓународен тим на научници создаде хибридни ембриони од мајмуни во кои има човечки клетки. Истражувањето, објавено во списанието „Сел“, има цел да им помогне на научниците да најдат нови начини за растење органи за трансплантации кај луѓето.

Истражувачите се надеваат дека со комбинирањето човечки клетки со клетки од животни би можеле да се растат човечки органи во тие животни. Во истражувањето биле вметнати 25 човечки клетки во 132 ембриони, стари шест дена, на макаки мајмуни.

Човечките клетки растеле во ембрионите само 24 часа по процедурата, а по десет дена преживеале 103 хибридни ембриони. До 19. ден преживеале само три хибридни ембриони, кои потоа биле уништени.

Хуан Карлос Изписуа Белмонте, професор по генетика на Институтот за биолошки науки „Салк“ во Калифорнија и еден од авторите на истражувањето, објаснил дека експериментот ќе им помогне да најдат успешни техники за развивање човечки клетки во животни.


Фото: Pixabay

- Нашата цел не е да создадеме нов организам, ново чудовиште. И нема да направиме нешто такво. Се обидуваме да разбереме како комуницираат меѓу себе клетки од различни организми - изјавил тој.

Истражувачите изјавиле дека брзината на растење на човечките клетки би можела да биде револуционерно откритие. Нивната главна цел е да се обидат да пронајдат нови начини за создавање нови лекови и потенцијално создавање клетки, ткиво и органи за трансплантација.

Дел од истите истражувачи создале хибридни ембриони на свиња со човечки клетки во 2017 г., а ова бил првиот експеримент кој покажал дека човечките клетки може да растат во ембриони на други видови. Во 2019 г. во Кина биле создадени хибридни ембриони на свиња со клетки од макаки мајмун, а во овој случај животните се родиле во лабораторија, но починале за помалку од една недела.

Покрај успесите, овие истражувањата отвораат многу етички прашања. Повеќе научници веќе ги критикуваат експериментите.

Автор. Виктор Тангерман
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука