X
 20.06.2023 Образование

Студентски проект од ФИНКИ: Новиот свет на виртуелна и аугментирана реалност

Факултети.мк ги поддржува студентите и секогаш одвојува простор за нивните приказни, потреби и успеси во земјава и во странство. Во таа насока ја започнуваме и новата рубрика Студентски проекти, во која ќе ги објавуваме трудовите на студентите кои сакаат нивното дело да допре до пошироката јавност. Ги покануваме сите заинтересирани студенти да нѐ контактираат на redakcija@fakulteti.mk.

Замислете да можете да истражувате историски знаменитости или егзотични локации без да ја напуштите вашата дневна соба, да присуствувате на виртуелни состаноци на далечни места или да проучувате сложени теми преку магични визуализации.

Зората на новиот свет на виртуелна (VR) и аугментирана реалност (AR) навестува ера на трансформација каде што нашата физичка и дигитална реалност се спојуваат. Овие технологии, кои изгледаа недостижни и фиктивни за луѓето, веќе се дел од секојдневниот живот на човекот, отворајќи прозорец во нова димензија на свет со возбудливи можности и искуства. Виртуелната реалност создава симулирана средина која ги транспортира луѓето во компјутерски-генериран свет, целосно потопувајќи ги во дигитално искуство.

Со носење VR слушалки можеме да патуваме во поинаква реалност, било да е тоа истражување на фантастичен пејзаж, играње виртуелна игра или учење преку интерактивни едукативни симулации. Од друга страна, аугментираната реалност ја подобрува нашата реална средина со преклопување на дигитални информации и предмети од нашата физичка околина.

Преку употреба на уред со овозможен AR, како што се паметните телефони или паметните очила, ние можеме да бидеме сведоци на дигитални елементи беспрекорно интегрирани во секојдневениот живот.

-Најголем мотив за одбирање на темата, освен уникатноста на двете технологии е тоа што, како Битолчани, најмногу нè мотивира проектот кој сè уште е во реализација на историскиот локалитет Хераклеа Линкестис. Луѓето, со помош на аугментирана технологија, преку објективите на своите мобилни телефони ќе може да гледаат како градот изгледал порано, во својата целосна и реставрирана форма, доловувајќи посебно искуство - велат студентите кои работеа на проектот.



Со VR и AR технологиите стоиме на прагот на иднината каде што имагинацијата нема граници, а можностите се ограничени само од нашата креативност. Затоа, ставете ги слушалките, прифатете ги чудата на виртуелната и аугментираната реалност и подгответе се да бидете однесени во свет каде што соништата стануваат живописна реалност.

Проектот е дело на Филип Илиевски, Анастасија Димовска, Кристина Ивановска и Андреа Настевска – студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје.

Подолу можете да го погледнете проектот со спроведена анкета и анализа на истата.

Новиот свет на виртуелна и аугментирана реалност

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование