X
 20.07.2020 Култура

Онлајн-прошетка во гробницата на фараонот Рамзес Шести

Сакате да се чувствувате како Индијана Џонс барем една минута? Владата на Египет има нешто за вас. Во рамките на кампањата за спречување на ширењето на коронавирусот, владата на Египет објави повеќе виртуелни тури достапни за сите, вклучувајќи и тура во гробницата на фараонот Рамзес Шести.

Според владиното известување, гробницата, која првпат била откриена во 1898, била направена некаде помеѓу 1189 и 1077 пред нашата ера. Во тоа време гробницата била изградена од кралот Рамзес Петти, иако не е јасно дали тој всушност е закопан таму.


Фото: Matter Port

Како што гласи соопштението, колибите на работниците што го изградиле гробот биле направени веднаш до скалилата кои воделе до гробницата на кралот Тутанкамон. Со други зборови, гробницата на Тутанкамон била откриена во 1922 благодарение на гробницата на Рамзес Шести.

Во виртуелната тура може да се видат зачуваните украси, слики и записи, вклучувајќи и текстови за кои се верувало дека ќе му помогнат на кралот во задгробниот живот. Во турата може да се видат и прекрасните украси на таванот, на кои има сцени од ноќно небо и други слики. Ова не е единствената виртуелна тура што ја нуди владата на Египет.

Погледнете ја страницата на „Инстаграм“ на министерството за туризам и антиквитети на Египет за повеќе тури. Виртуелната тура од гробницата на фараонот Рамзес Шести пронајдете ја тука.

Автор: Стејси Лиаска
Извор: travelandleisure.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура