X
 20.07.2022 Живот

Шварценегер одбил да го финансира својот син откако дипломирал

Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баен, тврди дека татко му одбил да го финансира по дипломирањето. Џозеф, кој има 24 години, е син на глумецот и неговата поранешна домашна помошничка, Милдред Баен.

Баен дознал дека актерот му е татко во 2011 година. Тој на многу начини го следи патот на татко му бидејќи се занимава со глума и е бодибилдер. Меѓутоа, неговата главна професија е врзана со недвижности и му помага да ги плати сметките и трошоците за живот откако татко му престанал да го финансира по дипломирањето.



- Навистина сум му благодарен што ми помагаше за време на студиите - изјавил Џозеф, додавајќи дека штом дипломирал, бил оставен сам на себе.



Тој се обидел да стане актер, но не добил ниту една улога, па затоа почнал да работи како практикант во компанија за продажба на недвижности, а со текот на времето сфатил дека ужива во работата и добил лиценца.

Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Twitter
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот