X
 20.08.2021 Здравје

„Модерна“ ќе почне да тестира вакцина против ХИВ на луѓе

Биотехнолошката компанија „Модерна“, која направи вакцина против ковид-19, неделава треба да почне со клиничко тестирање на вакцина против ХИВ на луѓе. Вакцината е направена со истата мРНК-техника со која беше создадена вакцината против ковид-19.

Експерименталната вакцина против ХИВ ќе им биде дадена на 56 волонтери на возраст помеѓу 18 и 50 години. Оваа вакцина ќе функционира слично како и онаа против ковид-19, односно ќе го научи телото како да направи имунолошка реакција со создавање протеини кои може да го спречат вирусот да ги нападне клетките.


Фото: Pixabay

Третманите за ХИВ многу напредувале од првото идентификување на вирусот, но вакцината би овозможила создавање на антитела кои ќе го неутрализираат вирусот.

Истовремено, други истражувачи работат на слична вакцина против ХИВ која има компоненти на мРНК-вакцина. Претходно годинава 97 отсто од учесниците во клиничките тестирања од прва фаза имале имунолошка реакција, но не можеле целосно да спречат заразување со ХИВ.

Вакцината на „Модерна“ е целосно базирана на мРНК-систем, кој може да го промени начинот на борба против вирусите кај луѓето.

Извор: Futurism
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје