X
 20.09.2016 Економија

Свет без работа - утопија или пекол?

Можеби сте се запрашале како би изгледал светот кога не би постоела потребата да се работи. Веројатно има многумина што посакуваат да добијат на лотарија за да се забавуваат и патуваат, да имаат слобода за да прават што сакаат и како сакаат.

Замислете дека ова е можно за сите луѓе во некоја подалечна иднина: потребно е да се земе предвид дека и напредокот на технологијата укажува на можноста по многу време машините да работат за човекот или барем на повеќето од задачите, па веројатно е да се очекува вакво нешто да се случи.

Тогаш би требало да се мисли што да правиме со себе и еден со друг. Веројатно ќе биде потребно и општеството и институциите да се преструктуираат за да може да се случи таа промена без да настане поголем хаос.

Постои огромен напредок во роботиката и вештачката интелигенција, а генерациите што го затекнуваат може да очекуваат дека и до нивното пензионирање тие ќе се тестираат и испитуваат. Во исто време дигиталната револуција ја поддржува глобализацијата, работните позици се со автоматизирани рутини и мали тимови со вешти работници можат да менаџираат со задачи за кои некогаш биле потребни многу луѓе.

На пазарот на трудот, оние на кои им е потребна работа прифаќаат да работат и за мали плати, а шефовите ги задолжуваат луѓето да работат задачи што може да ги работи машина. На пример, големите добавувачи не секогаш се обврзуваат за задачите во магацините да имаат робот со што вработените би биле ослободени од потешката физичка работа. Најголемиот предизвик со кој се соочуваме во ерата на технолошката револуција не е како да се смислат нови магични технологии, туку како да се даде друга форма на општеството при што технологијата ќе биде во корист на човекот, но притоа работниците да бидат задоволни со нивното место во него. За да се подготвиме за свет без работа првин треба да се разбере улогата на работата во животот и општеството. Прво, таа е средство за размена на добра, работиме за да ги задоволиме личните потреби.

Парите и понатаму ќе бидат средство со кое ќе се врши размена на добра и услуги. Но, за да се се следи намалувањето на побарувачката на работници со напредокот на технологијата и замената на човекот со машините мора да постојат и политички акции. Постојат многу начини со кои може да се стмулира плаќањето на работниците: зголемување на минималната плата и субвенциите, воведување на поригорозни закони со кои фирмите ќе се присилат да делат повеќе од профитот со вработените, или воведување на основен приход, но се чини дека работниците и трговците се најмалку заинтересирани за овие политики.

Работата не е само средство за дистрибуирање на куповна моќ. Таа е дел од идентитетот и целите на поединецот. Во свет во кој се навестува исчезнување на потребата од човечката работна сила, потребно е да се најдат нови извори на цели и идентитет. Некои луѓе во ова би можеле да успеат сами: ќе ги следат страстите или ќе вршат волонтерски активности, но многумина би се соочиле со голема загуба.

Општествата мора да се посветат на тоа луѓето да придонесуваат во заедницата за да се квалификуваат за поддршка од државата. Оние што не се на работа, би можеле да учествуваат во услужните дејности на заедницата, а оние што се во работен однос би давале придонес од своите приходи за добротворни цели. Да се изгради утопија во која богатството е еднакво распоредено, а луѓето се задоволни со местото во општеството не е лесна задача. За два века веројатно би работеле поинаку, но и подобро во тој нов свет. Сепак, за сето тоа потребно е да се вложи труд уште сега. Кои ќе бидат генерациите што ќе го затекнат, останува отворено прашање.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија