X
 02.04.2024 Живот

Тест со шолја кафе што еден шеф го користи на интервјуа за работа

Интервјуата можат да бидат прилично стресна работа бидејќи кандидатите имаат ограничен временски период во кој треба да ги придобијат работодавците.

Без оглед на тоа колку долго сте ја истражувале компанијата, ништо не може да ве подготви за овој трик кој го користат шефовите за време на интервјуата за работа.

Вашата иднина и напредок во полето на кариерата би можеле да се сведуваат на една шолја кафе.

Имено, шефот на „Ксеро Австралија“, Трент Инес, вели дека оваа техника помага да се измери „ставот“ на кандидатот за работа додека тој гледа што прават кандидатите со празна шолја кафе.

- Секогаш ги носам кандидатите на прошетка до една од нашите кујни и секогаш земаат пијалак. Се враќаме назад, го правиме интервјуто, а една од работите што ги барам на крајот од интервјуто е дали личноста што го прави интервјуто сака да ја врати празната шолја назад во кујната. Можете да развиете вештини, можете да стекнете знаење и искуство, но работите се сведуваат на ставот, а ставот за кој многу зборуваме е концептот „измиј си ја шолјата за кафе“ - вели тој.

Според овој шеф, методот на кафе се заснова на културата на работното место, а трикот го прави затоа што кујната во неговата компанија едноставно блеска.

- Ако дојдете во канцеларија во „Ксеро“, ќе видите дека кујните речиси секогаш се чисти и блескаат. Тестот е еден начин да се осигурам дека кандидатот ќе се вклопи во културата на компанијата и навистина ќе преземе сè што треба да направи - вели шефот.

Инес тврди дека не би вработил некој што паднал на неговиот тест за шолјата кафе бидејќи верува дека тестот кажува многу повеќе за една личност отколку кое било друго прашање. Всушност, тој вели дека секој што не успеал да го положи тестот ќе биде ставен на црната листа на компанијата.

Извор: Dailymail.co.uk
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот