X
 20.09.2021 Живот

Германската централна банка буквално ги пере парите

Бундес банка пере пари, но буквално. Експерти што работат во банката ги перат, сушат и ги проверуваат банкнотите.

Во тој процес тие мора да бидат брзи за да не се залепат банкнотите. Оваа година имаат полни раце работа бидејќи пристигнаа многу банкноти од поплавените подрачја во Западна Германија.

Досега во германската централна банка - Бундес банка се донесени околу 50 милиони евра. Банкнотите што минуваат низ процесот на чистење ќе му бидат вратени на сопственикот. Оваа услуга обезбедена од банката е бесплатна.

Патем, Бундес банка е влијателна членка на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). Основана е во 1957 година, кога ја замени Банката на германските земји.

Тоа беше првата централна банка што доби апсолутна независност, за разлика од, на пример, моделот на Нов Зеланд, за кој владата го одредува текот на дејствувањето.

Германската централна банка е високо ценета затоа што успеа да ја контролира инфлацијата во втората половина на минатиот век. Ова ја направи германската марка една од најценетите валути, а Бундес банка доби значително индиректно влијание во многу европски земји.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот