X
 20.10.2025 Живот

Еве како изгледаат познатите кинески летечки автомобили и колку ќе чини еден

Кинеската компанија „Ариџ“ во Дубаи го претстави својот летечки автомобил - модуларниот ЛАК (англ. Land Aircraft Carrier), кој може вертикално да полетува и да слетува, слично како хеликоптер.

Оваа демонстрација привлече големо внимание меѓу локалните власти, инвеститори и потенцијални купувачи од Обединетите Арапски Емирати и Катар.

1

Електричниот ЛАК може да се контролира со рачен управувач, но поседува и автоматски режим на лет, што значи дека можат да го користат и лица без пилотска дозвола.

Во Кина цената ќе биде пониска од 233.000 евра, а компанијата ги планира првите продажби за редовните купувачи во 2027 година. Досега се забележани 600 преддоговори за возилото.

летечки

Властите во Дубаи нагласуваат дека летечките автомобили ја претставуваат иднината на мобилноста и очекуваат дека со влегување на поголем број компании на пазарот, овие возила ќе станат подостапни за пошироката јавност.

Извор: Nova.rs 
Фотографии: Facebook 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот