X
 03.06.2016 Живот

Нов популарен начин на заработка: Просење во Дубаи

Еден тинејџер скришно се качил во авион на Емирати за да се збогати во Дубаи како бездомник.


16-годишникот од Кина прескокнал ограда во аеродромот во Шангај и се скрил во авионот во делот за товар во петокот. Тој успеал да влезе додека чуварот гледал во друга насока.

Тој издржал 10-часовен лет без да биде откриен, но бил уапсен на аеродромот во Дубаи каде што на полицијата и` рекол дека летот бил прилично удобен, известува „Шангајист“.

Тинејџерот го направил овој подвиг со цел да се збогати во Дубаи откако слушнал дека просјаците заработуваат стотици илјадници долари годишно таму.


Просењето е противзаконско таму, но сепак има многу што го прават ова дури и „професионално“. Полицијата известува дека некои просјаци кои биле фатени годинава имале пасоши со туристички визи.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот