X
 20.11.2019 Забава

Кој е човекот што изгледа како средовечен Новак Ѓоковиќ?

На социјалните мрежи во последниве неколку дена кружи фотографија од „средовечниот Новак Ѓоковиќ“, односно од човек кој неверојатно личи на него. Запознајте го Мајкл Енглер, режисер и продуцент.

Дури и ако не верувате дека секој има свој двојник, мора да признаете дека Новак Ѓоковиќ и Мајкл навистина си личат.

Енглер режирал претстави на Бродвеј, а потоа добил можност да оди подлабоко во шоу-бизнисот кога ја прифатил понудата да ја режира познатата серија „Сексот и градот“, за која заработил номинација за „Еми“.

Овие денови двојникот на Ноле доби медиумско внимание поради филмот „Даунтон опатија“, работен по истоимената серија. Би било забавно да се види заедничка фотографија од Новак и Мајкл или емисија во која заедно гостуваат.

1
Фото: Profimedia

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава