X
 20.11.2025 Живот

Фестивал на кучињата во земјата каде што се најпочитувани

Во една земја секоја година се организира интересен фестивал кој е целосно посветен на кучињата. Кукур Тихар, познат и како Нарак Чатурдаши, е хиндуистички фестивал кој традиционално се слави во Непал, пет дена во октомври или ноември. Во оваа пригода кучињата се украсуваат со тилака (знак што обично го краси челото) и носат цветни венци околу вратот, а верниците, покрај класичната храна за кучиња, им нудат и сочно месо, млеко и јајца, и секое несоодветно однесување кон кучињата се смета за грев.

Куче на годината

Уникатниот фестивал Кукур Тихар денес го слави непалската дијаспора низ целиот свет. Важноста на фестивалот е очигледна и од фактот дека кучето по име Кушал, кое помогнало во откривање убиец на десетгодишно девојче, било прогласено за Куче на годината од страна на непалската полиција во 2018 година.

Но, од каде доаѓа таквата посветеност и љубов кон кучињата? Во древниот хиндуистички еп „Махабхарата“, неговите пет Пандави (патроним што се однесува на петте легендарни браќа, по име Јудиштира, Бхима, Арџуна, Накула и Сахадева) се придружувани од куче на нивниот пат кон рајот. Додека се искачуваат по Хималаите, сите освен Јудиштира и неговото куче умираат.

Единствениот преживеан брат е пречекан во рајот од Индра, крал на боговите и господар на небесата, кој му кажува дека мора да го напушти своето куче. Јудиштира одбива да го стори тоа и се враќа на земјата. Но, неговото куче исчезнува и е заменето со Јама, богот на смртта. Индра, импресиониран од неговите постапки, на крајот одлучува да ги отвори портите на рајот за лојалниот и непоколеблив Јудиштира.


За време на Кукур Тихар кучињата се капат и се украсуваат со тилак кој се прави од куркума или гулал во прав, со ориз и јогурт. Полициските кучиња и кучињата скитници исто така се почестени за време на фестивалот. Сè на сè, Кукур Тихар слави навистина посебен однос меѓу кучињата и луѓето.

А дали знаевте дека кучињата првпат биле припитомени во Непал и Монголија? Денес, Кукур Тихар се слави и во САД, Мексико и Австралија.

Извор: avaz.ba

Фото: Instagram screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот