X
 04.02.2019 Наука

Научниците одговорија на прашањето дали поголемите кучиња се попаметни од помалите

Поголемите кучиња, кои имаат поголеми мозоци, имаат подобри перформанси отколку малите кучиња на одредени мерења на интелигенцијата, покажува ново истражување.

Кучињата со поголеми мозоци имаат подобри перформанси од помалите кучиња на мерењата на извршните функции - збир од когнитивни процеси кои се неопходни за контролирање и координирање на други когнитивни способности и однесувања.

Поточно, поголемите кучиња имаат подобра краткорочна меморија и самоконтрола од помалите кучиња, покажува студијата објавена во „Анимал когнишн“.

- Сѐ уште не се знае дали големината на мозокот може да е поврзана со разбирањето. Мислиме дека тоа веројатно е заменик за нешто друго што се случува, без разлика дали е важен бројот на неврони или разликите во поврзаноста меѓу невроните. Никој не е сигурен сѐ уште, но заинтересирани сме да дознаеме кои се тие подлабоки нешта - истакнува Даниел Хоршлер, главен автор на студијата.

Сепак, изгледа дека големината на мозокот кај кучињата не е поврзана со сите видови интелигенција.

Хоршлер утврдил дека големината на мозокот не ги предвидува перформансите на едно куче на тестовите за социјална интелигенција, што истражувачите ги мереле со тестирање на способноста на кучињата да ги следат гестикулациите за насочување на луѓето. Исто така, големината на мозокот не била поврзана со способноста на кучето за физичко и расудување засновано на докази.

Резултатите од студијата го отсликуваат она за што научниците претходно утврдија дека е вистина кај приматите - дека големината на мозокот е поврзана со извршното функционирање, но не и со други видови интелигенција.

За студијата на Хоршлер биле користени податоци од повеќе од 7.000 чистокрвни домашни кучиња од 74 различни раси.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука